1 Мај - КУШАДАСИ

  • Локација на аранжман: Кушадаси

 

Повеќе во оваа категорија: « 1 Мај - ИСТАНБУЛ
Опис

ПРВИ МАЈ ВО КУШАДАСИ

СО ПОСЕТА НА ЕФЕС И ПАМУКАЛЕ

27.04-02.04.2017(3 ПОЛУПАНСИОНИ+ПРЕВОЗ+ПРАТИТЕЛ)

3ПП/6 ДЕНА

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  129 /7999.00 ден

 

1. ден (27.04.2017-четврток) СКОПЈЕ – ТУРЦИЈА -ЧАНАККАЛЕ

Состанок на групата во 11:00 часот наспроти Хотел Холидеј Инн, поаѓање во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Богородица/Гевгелија, со куси попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Грција.

 

2. ден (28.04.2017-петок) ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ

Пристигнување во Чанаккале во утринските часови од каде со фери(временски кратко пловење помеѓу Чанакале и копно од спротивната страна) се упатуваме према Кушадси ,доколку времето дозволува ке имаме можност за индивидуален појадок и кафе пауза во Чанакале.По пристигнувањето сместување во хотел. Време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање

 

3. ден (29.04.2017-сабота) КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ

Појадок. По појадокот заминување на факултативна посета на Памуккале (на190 км од Кушадаси), белата планина-единствена од ваков вид во светот. По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината - феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C.Посета на местото /базенот каде што се капела Клеопатра.Можност за индивидуален ручек,кафе паузa во еден од турските ресторани. По посетата враќање во Кушадаси во попладневните/рани вечерни часови. Попатно посета на фабрика за текстил/кожа и производи од кожа. Вечера. Слободна вечер за индивидуална прошетка низ Kушадаси или – факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

 

4. ден (30.04.2017-недела) КУШАДАСИ-КРСТАРЕЊЕ СО ТРАДИЦИОНАЛЕН БРОД

Појадок. По појадокот факултативно се упатуваме на крстарење со турски традиционален брод каде имаме и ручек.Време за опуштање ,релаксација,турска музика и танци ,каде ке имаме можност за капење во кристално чистото море.Во попладневните часови вракање во хотел.Вечера.Време за слободни активности и прошетка низ Кушадаси ,посета на старата турска чаршија се разбира и време за шопинг.Можност во доцните вечерни часови за посета на традиционален турски ресторан со музика и стомачни танци.Ноќевање.

 

5. ден (01.05.2017-недела) ЕФЕС-КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА-ЧАНАКАЛЕ

Појадок. Околу 11 ч напуштање на хотелот и заминување на факултативна  посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) , заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата на оваа прекрасна дестинација се упатуваме према Чанакале и вракање за Македонија со попатни паузи,ноќно возење,и време за царински формалности.

 

6. ден (02.05.2017-понеделник) МАКЕДОНИЈА/СКОПЈЕ

 Пристигнување во попладневните часови

 

Во цената е вклучено

Превоз со туристички автобус на наведената релација,

•3 полупансиони шведска маса во хотел 4* - Кушадаси (www.panoramahill.com)

Пратител од агенцијата за целиот престој

Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената не е вклучено

•Факултативна посета на Ефес и Куќата на Дева Марија - со платени влезници и локален водоч 
(мин 20 патници)   30€

•Факултативна посета на Памуккале - со платени влезница за локалитети и локален водич 
(мин 30 патници)   35€,

•Факултативно крстарење со традиционален брод и вклучен ручек на бродот  20€,

•Факултативна посета на дискотека (влезница+превоз+паркинг)    5€,

•Факултативна посета на традиционален ресторан со стомачен танц мени по избор патникот сам плака на лице место се плака само превоз+паркинг на бус   3€

•Задолжително здравствено и патничко осигурување (по ден)  3€

•ЗАДОЛЖИТЕЛНО/  факултативните излети се плакаат во автобус.

 

НАПОМЕНА

•За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

•Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

•За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

•За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.

•Секој патник е задолжен за важноста на личните патни исправи, за кои агенцијата не сноси никаква одговорнос и рефундација на средства доколку аранжманот не биде реализиран од оваа причина.

•Горе наведената цена е дадена за сместување во 1/2 и 1/3 соби

•Доплата за еднокреветна соба +45 еур/2790.00ден

•Прво дете до 5.99 г плаќа само превоз сместување гратис      60еур/3720.00 ден.

•Второ дете или едно дете над 5.99-11.99 год плаќа 99еур/6140.00 ден

•Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање заради недоволен број на патници или виша сила.

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ПЛАКАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ по цена на курсот 1 € = 62 денари

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

те -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: Home1 Мај1 Мај - КУШАДАСИ
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace