1 Мај - ИСТАНБУЛ

  • Локација на аранжман: Истанбул
Одбележен под

 

Повеќе во оваа категорија: 1 Мај - КУШАДАСИ »
Опис

ПРВИ МАЈ ВО ИСТАНБУЛ

2 НОКЕВАЊА СО ПОЈАДОК /5 ДЕНА 28.04-02.05.2017

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    95 €/5890.00 ДЕН.   

 

 

Истанбул е прекрасен во секое време  од годината, но во април е особено убав, украсен со прекрасни лалиња и цветни форми од лалиња во најразлични форми и облици. Минатата 2016-та година, беа засадени околу 15 милиони лалиња, колку што е официјалното население на Истанбул.

Најголемите паркови на градот изобилуваат  со насади од  лалиња и се места за концерти, изложби и други атракции. Низ историјата, лалињата се симбол на Истанбул и играат огромна улога во турската уметност и култура. Уште векови наназад лалињата биле диви цветови кои растеле во азискиот дел , а култивизацијата на лалето започнала уште во време на Отоманската империја. На турски се вели „лале“, а дури и цела ера од Отоманското време е наречено по него, Lale Devri, кое е најбогатиот период од Отоманската империја.

 

Низ светот, асоцијација за лале е Холандија, и повеќето мислат дека Холандија е земјата на лалињата, но вистината е дека тие се донесени од Турција во 16-от век. Инаку во Турција уште во тоа време имало 1.800 видови на лалиња и за сите имало посебно име.

Како оддавање почит на тоа време, се одржува фестивалот во април или Istanbul Lale Festival, и целта на фестивалот не е само да се садат лалиња, туку и се случуваат разни културно-уметнички манифестации и изложби. Не пропуштајте да бидете дел од ова интересно случување во месец април.

 

ПРВ ДЕН  28.04 (петок)

Средба на групата на Дрводекор во 14:30h. Поаѓање за Истанбул во 15h. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

ВТОР ДЕН  29.04 (сабота)

Планирано пристигнување околу 08-09 часот по турско време. Сместување во хотел и време за одмор во договор со водичот.

Средба на групата со локалниот водич пред хотел и оттаму се упатува пеш кон Аја Софија, Топ Капи.

-10:30h- Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

–12:30h- Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

Дворецот Топ Капи останува семејно огниште и место за складирање на свештени предмети во 1924-та година, по одбивање на османлиското управување во 1922-та година, дворецот се претвора во музеј. Во него се изложени 12.000 експонати, кинески порцелан, 900 јанпонски порцелани, единствена колекција на турски ткаенини од XVI и XVII век, теписи, збирки на оружје и европски порцелан.

Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН   30.04 (недела)

-16h – Посета на Долмабахче палатата – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела По појадокот околу 10 часот групата се сретнува пред хотелот со локалниот водич.

-10:30h – Панорамски разглед на  европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа и Египетскиот пазар. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

–14h – Крстарење по Босфорот и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

Должината на палатата е 600м, областа е 45.000м2, има 285 соби, 6 амами и 68 бањи. Фасадата покажува класична европска зграда со две крила. Внатрешноста е типичен отомански стил. Во јужното крило се репрезентативните простории, во северното – станбени простории, а меѓу двете крила е големата приемна сала, пред која има зелена површина од 2000м2, а над неа 36м висока купола. Терасата кон Босфор е оградена со висок ѕид, чии порти водат кон пристаништето кое денеска не се користи редовно. Дворецот ј поседува и најголемата збирка во светот од кристални свеќници од Бохемија и Бакарат.

Враќање во хотел, слободно време.

Слободно време до 20:30h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува на ноќен разглед на Истанбул. Светла и романтична тура со која се посетува булеварот Кенеди, мостот на Златниот рог, пиер лоти и уште некои од најубавите предели на европскиот дела на Истанбул. По панорамскиот разглед групата се упатува кон популарниот плоштад Таксим каде ќе има два часа слободно време за прошетка или пијалок во некој од тамошните локали.

 

ЧЕТВРТ ДЕН   01.05 (понеделник)

По појадокот групата има слободно време за прошетка или посета на Капали чаршија.

Во 11:30h се одјавува од хотелот и со куферите се упатуваме кон автобус од каде што се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа.

Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:30 – 17h по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови

 

НАПОМЕНА

Програмата може да ПРЕТРПИ  ПРОМЕНИ ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ПО БИЛО КОЈ ОСНОВ ДОКОЛКУ СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ИМА ПОТРЕБА ,НО КЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТА ВО ЦЕЛОСТ СО МОЖЕБИ СМЕНЕТ РЕДОСЛЕД.. 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  95 ЕВРА/5890.00 ДЕН.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

•две ноќевања во хотел 4**** или 3***

•автобуски превоз со високотуристички автобус

•туристички придружник за време на целиот престој

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

•патничко осигурување (1 евро од ден) ЗАДОЛЖИТЕЛНО

НАПОМЕНА: При онлајн плаќањето, во цената на аранжманот е вклучено и патничкото осигурување, едно евро од ден

•Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот

Факултативните екскурзии:

•крстарење по Босфорот (со локален водич)– 20 евра

•панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со водич – 15 евра

•посета на Долмабахче палатата (со локален водич) – 25 евра

•посета на Аја Софија (со локален водич и аудио слушалки) – 20 евра

•посета на Топ Капи сарајот (со локален водич) – 20 евра

•ноќен Истанбул со посета на Таксим плоштадот (со локален водич) – 15 евра

•влезница за аквариумот Туркуазу – 15 евра

 

СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА 01 мај:

ПАКЕТ 1 вклучува:

•Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

•Ноќен разглед на Истанбул со посета на плоштадот Таксим

•Крстарење по Босфорот

•Посета на Долмабахче палатата

ЦЕНАТА НА ОВОЈ ПАКЕТ ИЗНЕСУВА 65 евра (редовна цена 75е)

 

•ВИП пакет кој ги вклучува сите факултативни екскурзии:

•крстарење по Босфорот (со локален водич)

•панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со водич

•посета на Долмабахче палатата (со локален водич)

•посета на Аја Софија (со локален водич и аудио слушалки)

•посета на Топ Капи сарајот (со локален водич)

•ноќен Истанбул со посета на Таксим плоштадот (со локален водич)

•влезница за аквариумот Туркуазу

ЦЕНАТА НА ОВОЈ ПАКЕТ ИЗНЕСУВА 110 евра (редовна цена 130е)

ЗАДОЛЖИТЕЛНО/  факултативните излети се плакаат во автобус.

 

 

НАПОМЕНА

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62    денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.

Секој патник е задолжен за важноста на личните патни исправи, за кои агенцијата не сноси никаква одговорнос и рефундација на средства доколку аранжманот не биде реализиран од оваа причина.

       

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ПЛАКАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ по цена на курсот 1 € = 62 денари

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

те -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: Home1 Мај1 Мај - ИСТАНБУЛ
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace