23 ОКТОМВРИ НА ЛУТРАКИ

  • Локација на аранжман: Лутраки, Воден

 

Опис

23  ОКТОМВРИ

СОЛУН – ЛУТРАКИ – ВОДЕН

На 100 км од Солун во зелената шума на планината Ворас (Кајмакчалан) и реката Термопотамос (Топла река) се наоѓаат природните топли извори на Лутраки (Пожар – Аридеа). Лутраки е една од најпознатите терапевтски бањи во Грција со термална вода која извира  од утробата на земјата и претставува вистинско чудо на природата. Овие природни извори Ви пружат многу позитивни емоции, релаксација и можат значително да ја подобрат Вашата здравствена состојба.Самите бањи (грч. Θερμες) односно природните извори имаат два базени, од кои едниот е природен со свој водопад поделен во два дела со топла и ладна вода. Водата паѓа од височина со што ви нуди одлична масажа на вашето тело. Температурата на водата изнесува 38 степени. Водите се лековити и се препорачуваат за лекување на реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања... Местото претставува светска туристичка атракција, посетено е од голем број на домашни и странски туристи. Изобилува со ресторани, продавници и кафетерии, кои ќе го направат Вашиот престој незабораве

 

1 ден Скопје – Лутраки                   21.10.2017  Сабота

Состанок на групата и поаѓање од договореното место и време. Се патува преку граничен премин Богордица, по кратки царински формалности продолжуваме кон Солун. Организиран шопинг во Солун со можност за посета на еден од најпознатите шопинг центри „COSMOS MEDITERANEAN”  “IKEA “. По прошетката поаѓање кон Лутраки. Сместување во хотел. Слободно време. Факултативна вечера во Грчки национален ресторан со пријатен амбиент, со богато мени и музика. Ноќевање.

2 ден  Лутраки                                 22.10.2017 Недела

Доручек. Слободно време за посета на топлите минерални бањи и прошетка низ ЛУТРАКИ. Факултативна вечера во Грчки национален ресторан со пријатен амбиент, со богато мени и музика. Ноќевање.

3 ден Лутраки – Воден –Скопје   23.10.2017 Понеделник

Доручек.  Слободно време за посета на топлите минерални води на отворените и затворените базени со топла вода од над 38 степени и можност за уживање во истите (задолжително понесете костим за капење и пешкир). Cлободно попладне за прошетка низ Лутраки и поаѓање кон  Воден - градот на водопадите и прекрасните градини познати во Грција и пошироко. Поаѓање кон Македонија во договореното време. Пристигнување во вечерните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 4,650,00 денари

Во цената е вклучено:

Ø  Превоз на наведената релација со туристички автобус или минибус

Ø  Сместување во хотел “Philippion” на база 2 ноќевања со појадок

 https://www.hotel-philippion.gr/

Ø  Посета на шопинг центри во Солун

Ø  Организација и придружник на патувањето

 Во цената не вклучува:  

Ø  Вечера во национален ресторан

Ø  Влезници за Бања 2 EUR на ден или Базен 3 EUR на ден

Ø  Патничко осигурување  

 

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ КЛУБ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

Тел  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЕсенски Патувања23 ОКТОМВРИ НА ЛУТРАКИ
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace