11 ОКТОМВРИ НА САНТОРИНИ

  • Локација на аранжман: Санторини

 

Опис

 

САНТОРИНИ

НАЈРОМАНТИЧНИОТ ОСТРОВ НА СВЕТОТ

 

  УПЛАТА СО РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 28.07.2017/169 ЕУР/10.450 ДЕН.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199ЕУР/ 12.340.00 ДЕН

УПЛАТА СО РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 28.07.2017/169 ЕУР/10.450 ДЕН.

ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2017/179 ЕУР/11.100 ДЕН.

 

 

1. Ден : 06.10. Петок, Скопје – Санторини

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 15:30ч.

Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица/Гевгелија со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/ Пиреа.

2 .Ден : 07.10. Сабота

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.

Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини.

Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари.

Време за краток одмор,и слободни активности.Во вечерните часови во договор со групата и нашиот  водич  посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини,местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус  враќање во Камари. Ноќевање.

3. Ден : 08.10.Недела

Појадок.По појадокот,околу 10 часот  заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот, со залез на сонце во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа,Манастирот St.Ilijas, Калдера. Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел во Камари, време за одмор,индивидуални активности и индивидуална прошетка и посета на некои од таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4.Ден : 09.10.Понеделник

Појадок.По појадокот околу 09 часот поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС(за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур) од каде што се гледаат сите седум кратери). Можност за капење во топлите води  на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, слободна вечер. Ноќевање.

5.Ден : 10.10.Вторник

Појадок.Напуштање на собите во 11:00ч. Факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес,посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија ,односно на Санторини.По посетата на винаријата околу 14ч, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод.Поаѓање за Пиреа во15:25ч. Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаништена Пиреја  околу 23:30ч.по локално време.

6.Ден 11.10. Среда

Патувањето продолжува со автобус од Пиреја према граничен премин Евзони, со попатни паузи.Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Цената вклучува

* Превоз со високо туристички автобус(кој е на располагање и на Санторини)

 * Три ноќевања  со појадок во Камари ,хотел 3*** или 2**

 * Бродска карта , Пиреја – Санторини – Пиреја

 * Трансфер пристаниште- хотел –пристаниште ( со истиот автобус со кој патуваме  )

 * Пратител и водич од Агенцијата

Цената не вклучува  Факултативи по програмата

 *Вечерна посета на Фира главниот град на Санторини(втор ден ) = 5 еур

 *Целодневна екскурзија и разглед на островот(автобус+ водич ,ден 3 ти по програмата)=35еур

*  Целодневна екскурзија со брод (автобус+ водич+брод,ден 4 ти по програмата)=35 еур

*  Посета на винарија (автобус+водич+влезница за винарија, резервација и дегустација на вино ( 5 ти ден по програмата) =18 еур

*Ручек/вечера (Фира/Камари/  индивидуално(по желба на патниците )

* Задолжително здравствено патничко осигурување

 

Напомена :

**Плаќање во денарска противредност 1еур = 62 МКД

**За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 40 патници

**За овој аранжман важат општите услови на Т.А Флај Туризам , и општите услови за патување на СКТМ

 

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ПЛАКАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ поценанакурсот 1 € = 62 денари

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14

те  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЕсенски Патувања11 ОКТОМВРИ НА САНТОРИНИ
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace