Нова Година во Краков

  • Локација на аранжман: Краков, Полска

 

Опис

НОВА ГОДИНА ВО КРАКОВ

 

Автобус / 5 дена / 3 ноќевањa

 

 28.12.2017 (четврток) СКОПЈЕ - КРАКОВ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.30 часот. Тргнување за Краков во 14.00. Се патува преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

29.12.2017 (петок) КРАКОВ

Пристигнување во Краков во претпладневните часови, панорамски разглед (автобус и пешачки дел ): стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), дворецот Wawel, катедралата Св.Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на главниот плоштад и еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанкса улица, Еврејскиот дел Казимерц... Сместување во Хотел. Ноќевање.

30.12.2017 (сабота) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ - КРАКОВ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Аушвиц и Биркенау - најголемот и најозогласенот логор на нацистичка Германија, а денешен спомен - музеј под заштита на УНЕСКО... Нокевање.

31.12.2017 (недела) КРАКОВ – ВАВЕЛ - ВЕЛИЧКА

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики (1333-1370) кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор. Потоа, факултативно посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka - најстар рудник во Европа). импресивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа кралевската капела од сол и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, а за туристи посетата е на 3-то ниво или 13 метри под нивото на земјата. Враќање во Краков. Вечерта, факултативно посета на национален ресторан. Ноќевање.

01.01.2018 (понеделник) КРАКОВ – Скопје

Појадок. Прошетка по плоштадот Bohaterów Getta, плоштадот Zgody – кој во 1941год. бил претворен во Гетото на Краков - местото каде се заробени Евреите и пратени во логори. Денес на тоа место се поставени 70 метални столици во знак на сеќавање на настраданите... Заминување за Македонија.

 

ЦЕНА за упати до 25 Ноември:159 евра (9.860 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  179 евра ( 11.100 денари)

  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

- Сместување во хотел 2** во Краков на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран разглед на Краков

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

  

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Факултативна посета на Аушвиц 35 евра

- Факултативна посета на рудникот за сол Величка 35 евра

- Факултативна посета на Годскиот дворец Вавел 10 евра

- Посета на Шиндлеровата Фабрика

- Вечера во национален ресторан

- Туристичка такса 3 евра од ден по лице се плаќа во агенција

- Доплата за 1/1 соба 3.600 денари

- Патничко-здравствено осигурување 250 денари

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

                             ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЗимувања 2017/2018Нова Година 2018Нова Година во Краков
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace