Нова Година во Виена

  • Локација на аранжман: Виена
Одбележен под

 

Повеќе во оваа категорија: Нова Година во Будимпешта »
Опис

НОВА 2018 ГОДИНА

ВИЕНА

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

  Виена-актуелна престолнина на Австрија и некогашен главен град на моќната Австро-унгарска империја, денес модерна туристичка метропола на брегот на убавиот син Дунав, која ве освојува на прв поглед со убавите палати на царскиот Хофбург и Шенбрунските паркови, богати уметнички колекции, музика, шопинг, многубројни кафулиња, слаткарници и ресторани.

29. Декември (петок) СКОПЈЕ - ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Виена во 13:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

30. Декември (сабота) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Вотиф, Парламентот, Универзитетот...Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, можност да се проба вистинска виенска шницла во национален ресторан. Ноќевање.

31. Декември (недела) ВИЕНА

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или можност за посета на Дунавската Кула која е изградена во 1964 год и е висока 252 метри од каде има неверојатна панорамска глетка на градот Виена. Вечерта околу 21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел. Ноќевање.

01.Јануари (понеделник) ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок.Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse и можност да се почуствува новогодишната атмосфера во Виена.Во пладневните часови поаѓање за Скопје.Ноќно возење преку Унгарија и Србија. Пристигнување во Скопје, наредниот ден во попладневните часови.

За комплетни уплати до 25.11.2017:9.240 мкд (149 евра)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:9.860 мкд (159 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

- Организиран разглед со локален водич на Виена

- Сместување во хотел 3* во Виена на база 2 ноќевања со појадок

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативна посета Шенбрун со вклучена влезница,водич и превоз 1.860 денари (30 евра) задолжитено пријавување до 20.12.

- Факултатативна посета на Дунавската Кула 620 денари (10 евра) задолжитено пријавување до 20.12.

- Факултативно вечера во национален ресторан 30 евра.

- Патничко-здравствено осигурување.

 

 НАПОМЕНИ:

- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.

- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!

- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот;

- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот како и цените на факултативните излети;

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

  

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

                             ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЗимувања 2017/2018Нова Година 2018Нова Година во Виена
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace