Нова Година во Истанбул

  • Локација на аранжман: Истанбул
Одбележен под

 

Повеќе во оваа категорија: Нова Година во Белград - Автобус »
Опис

ГРАД, КОЈ МОРА ДА ГО ПОСЕТИТЕ БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ

4  ДЕНА – 2 НОЌИ

Еден од најголемите градови во светот, Истанбул. Град на два континента, Град на бројни раскрсници, Град на седумте ридови…ГРАДОТ НА СОНИШТАТА… Многубројни прекари кои гордо ги носи,овој прекрасен град, а да ја зборуваме и вистината убаво му стојат.

Комплетна комбинација на историја и географија, и уште многу повеќе куполи и минариња, магичен град со полна урбана енергија, гласен, зафатен и шармантен. Едноставно ИСТАНБУЛ… Градот каде што Западот се запознава со Исток.

Истанбул припаѓа на два континенти, од една страна Азија, од друга Европа. Преку срцето на градот минува Босфорскиот теснец, на водите на Црното Море, Мраморното море и Златниот рог.Почестен е со бурно минато со три последователни империи на римската, византиската и отоманската.Неговото конзервативно наследство од минатото е привлечно за секого.

Всушност, тоа е Истанбул! Сорта на град која ги фасцинира посетителите.Музеи, замоци, палати, големи џамии, чаршии … и многу други атракции го прават овој град навистина еден од најславните во светот.

1 Ден  29.12.2017 (ПЕТОК ) Скопје – Истанбул

Собир на групата на паркингот наспроти хотел Холидеј Инн во 16:00ч. Со подготвени изненадувања од агенцијата весело го започнуваме патот од Скопје, преку Грција до Истанбул. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 Ден 30.12.2017 ( САБОТА) Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Со првиот поглед на градот пристигнуваат и одговори за сите љубопитни срца и вљубеници во културата и патувањето.Возиме преку еден од Босфорските мостови до главната разгледна точка на Азиската страна, брдото Џамлиџа, од каде почнува нашата авантура.Прекрасниот панорамски поглед истовремено ќе ни го одземе здивот и ќе ни ги наполни батериите со енергија за исполнетиот ден што не очекува.Посетата тука трае од 30-40мин, местото е погодно да се освежите, можност да го пробате традиционалниот турски чај и секако да направите неверојатни фотографии кои нема да останат само во вашиот апарат туку вечно ќе се врежат и во вашиот ум.Сместување во хотел, Слободно време за одмор.Во Попладнвните часови организиран  разглед на Истанбул.

Разгледот  започнува  со стариот Хиподром, кој не бил еден од најспектакуларните објекти во градот, но претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли. Околу него се наоѓаат Џамијата Султан Ахмед, поради своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија и е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња. Продолжуваме кон сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, Аја Софија, позната и како Црква на светата мудрост е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква и секако Топ Капи палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја, претставувала место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Влезниците за посета на Топ Капи и Аја Софија се факултативни и по желба.Од тука продолжуваме кон Капали Чаршија – најголемиот пазар во Европа истовремено еден од најголемите и најстарите покриени пазари во светот. Со повеќе од 3000 продавници сместени низ шармантните улички, во него може да се најде се што замислувате, од текстил, сувенири, храна.. Бескрајни можности за шопинг, каде жената се чувствува како дете во слаткарница. А шармот и љубезноста на добро познатите трговци сигурно ќе ве убедат да купите или да пробате традиционален производ.По слободното време за шопинг или можност за индивидуални или факултативна посета на  Sapphire Seyir Terasi највисоката “Тераса” во Европа, од каде се добива прекрасна панорамска глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула… Враќање во хотел Ноќевање.

3 Ден 31.01.2017 (НЕДЕЛА) Истанбул

 Појадок  Слободно време или  факултативно крстарење по Босфор.Програмата започнува со посета на Цариградската Патријаршија од каде продолжуваме на релаксирано крстарење по Босфор кое нуди сосем различен поглед на Истанбул од претходниот, но воедно и уникатен начин да се видат сите знаменитости без да се заморите. Преку Босфорот ќе го доживеете Истанбул како да листате страници од книга, секоја со нова приказна, преку која историјата на овој град дише и живее. Крстарењето е со приватен брод и трае околу 90мин. За време на крстарењето локалниот водич ќе ни раскаже се што може да видиме од најпознатите стари куќи кои ќе ги препознаете од популарните турски серии. Најекстравагантниот диско клуб кој е дом на забавата за сите славни личности, до палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на султанот која е претворена во музеј со непроценлива збирка и секако пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија.Враќање во хотел  Вечерта ја започнуваме со дочек на Нова година на Плоштадот Таксим, откаде исполнети од еуфоријата на ултра модерниот ноќен живот се упатуваме кон еден од најдобрите локални клубови или национален ресторан ( факултативно)

Ноќевање

4 Ден 01.01.2018 ( ПОНЕДЕЛНИК) Истанбул- Скопје

По појадокот, организирана посета на еден од најпознатите шопинг центри Форум. Крајот на нашата авантура го комплетираме со релаксиран шопинг и сувенири за најмилите дома; факултативна посета на Аквариум кој е сместен во самиот шопинг центар.Собир на групата и поаѓање за Скопје во 13:00. 


 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ   129€/ 7.999,00


 


**EARLY BOOKING ( рана резервација )  – 119€ со резервација до 15.11.2015


 

Аранжманот вклучува:

·         Автобуски превоз на релација Скопје- Истанбул – Скопје

·         2 ноќевања во хотел со појадок

·          разгледи на градот и сите главни знаменитости со локален водич

·         Организирана прослава на Новогодишната ноќ со превоз.

·         Придружник од агенцијата во текот на целото патување

·         Организација на патувањето

 

Аранжманот не вклучува:

·         Крстарење по Босфор – 15€

·         Влезница во Топ Капи – 15€

·         Влезница во Аја Софија со аудио слушалки – 15€

·         Влезница во Долма Бахче Сарај 25€

·         Посета на терасата Сафир со 4Д проекција 15€

·         Патничко – осигурување 185ден.

 

 АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел-факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЗимувања 2017/2018Нова Година 2018Нова Година во Истанбул
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace