Нова Година во Будимпешта

  • Локација на аранжман: Будимпешта
Одбележен под

 

Опис

Нова 2018 Годиа

Будимпешта

4 дена / 2 ноќевања – автобус

 Повеќе од 1500 години стара историја и културно богатсвo кое бројните цивилизации го оставиле ја прават Будимпешта фасцинантна. Будимпешта споена од три града: Буда, Обуда и Песта, настанала во 1873 година, убавицата на Дунав ја красат 10 мостови и Кралската палата. И запомнете, не сте биле во Будимпешта доколку не сте прошетале по познатата улица Ваци, не сте ја посетиле познатата слаткарница Жербо, или не сте уживале во познатите унгарски Чарди. 

29. Декември (петок) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок на групата во паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

30. Декември (сабота) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „"Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Предлагаме, факултативно крстарење со брод по Дунав, потоа факултативно-вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

 

31. Декември (недела) БУДИМПЕШТА

Појадок. Индивидуално, прошетка по познатите монденски улици и центарот на Будимпешта, можност да ја почувствувате новогодишната магија. Вечерта, дочек на Новата 2018 година на плоштадот Matijash Pince. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

01 Jануари (понеделник) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Скопје во пoпладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

За комплетни уплати до 25.11.2017: 8.620 мкд (139 евра)

 

Цена на аранжманот:  9.240 мкд (149 евра)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација.

- Сместување во Будимпешта во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок.

- Разгледување на Будимпешта со стручен локален водич.

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Крстосување со брод по Дунав 15 евра

- Вечера во традиционален ресторан „Чарда“

- Посета на Сент Андреа 10 евра

- Влезници за музеите и културно-историските споменици.

- Патничко-здравствено осигурување 200 денари

- Доплата за еднокреветна соба

- Дете од 0-5,99 год. плаќа 3.100 денари (без кревет), дете од 6 -11,99 год. плаќа 4.900 денари (сместување на дополнително легло). Попустите за деца важат само при сместување со две возрасни лица.

 

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.Флај Туризам Клуб  и СКТМ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. 

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

                             ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

тел  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeПонудаЗимувања 2017/2018Нова Година 2018Нова Година во Будимпешта
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace