ВЕЛИГДЕН ПЕЛИОН ВОЛОС - 2 ноќевања со појадок

  • Локација на аранжман: Волос, ПЕЛИОН

 

Повеќе во оваа категорија: « ВЕЛИГДЕН - Санторини
Опис

 ВЕЛИГДЕН  -  ПЕЛИОН

ВОЛОС – МАКРИНИЦА

14.04-16.04 2017  /3 дена – 2ноќевања со појадок

ПЕЛИОН – планина  која според митовите преставувала летнарезиденција на боговите од Олимп.

Дестинација  за динамичен одмор, дестинација за влубените во природата, дестинација која живее во текот на целата година  и нуди можности за сите годишни времиња од скијање до капење

Пелион е оаза , историја , авантура ......

Програма

1 ДЕН 14.04   ( Петок )  СKOПЈЕ – ВОЛОС

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидај Ин  во 02.30 часот .Поаѓање за Волос во 03:00 часот.

Ноќно возење преку преминот Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Стигнување во Волос во раните утрински часови . Сместување во хотел .Слободно време. за индивидуални активности.

По одморот  факултативна посета на селото  МАКРИНЦА  Макриница е познато како  (благородничко село)  - во старите времиња  во селото живееле  најбогатите луѓе во областа Магнезиа . Го носи и епитетот БАЛКОНИТЕ НА ПЕЛИОН  од причина што се наоѓа на 630м надморска височина на планината Пелион од каде што се нуди прекрасна глетка на заливот Пагастикос и градот Волос а од градот Волос глетката према селото е како грст истурени бисери по падинате на планината.  Специфичната  градба на куќи сите во исти стил  изградени од камен   со  камени  фасадни плочи и тесните сокачиња  даваат  чувство дека сте  во некое друго време . Во средина на селото   се наоѓа природен извор на вода  над кој што е изградена фонтана во далечната 1809 година ,  а низ  селото ги има   над 50-тина.Тука се  стариот  чинар стар 500 години   во чие шупливо стебло   можете да завлезете и направите прекрасни  фотогрфии,многу ресторанчиња ,мали продавнички  за сувенири , рачно изработени сапуни, украси од дувано стакло  и традиционални локални производи.Селото е и дом на Музејот на народната уметност и историја на Пелион  , сместен во историскиот Топали Замок со над 1500 експонати поврзани со народната култура и секојдневни живот .Во  попладневните часови враќање во хотел Можност за организирана вечера во еден од рестораните на шеталиштето во Волос   Ноќевање

2 ден 15.04 ( Сабота)             ВОЛОС  -НЕА АНХИАЛОС - АЛМИРОС

Појадок , Слободно време за индивидуални активности .Во попладневните  часови  факултативно  заминување за Алмирос со попатна посета на туристичкото гратче Неа Анхиалос. Кратка прошетка низ гратчето покрај долгата вулканска плажа.Продолжуваме кон местото Алмирос .Посета на црквата Св Ксениа во чија близина ,секој Велики Петок  традиционално се одржува Велигденска церемонија праку која сликовото се прикажува  распнувањето на Исус , со неговото вадење од крстот и традициналното носење до пештерата – местото на неговото возвишение. Во вечерните часови  враќање во Волос .Полноќната церемонија за Исусовото воскрение ке ја дочекаме во црквата Св, Контстантин.  Во пополноќмите часови можност за организирана вечера  во  таверна  во стариот дел  на градот наречен Палија на велигденска трпеза со богато мени .Враќање во хотел . Ноќевање

3 ден 16.04 ( Недела )         ВОЛОС – ТЕМПИ  –СКОПЈЕ

Појадок . По појадокот напуштање на хотелот и заминување  за Скопје  со попатна посета на клисурата  Темпи и црквата Св Петка Стигнување во вечерните часови

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    89

За уплата до 15.03 .2017  цена 79

 Цената вклучува :

· Превоз со високо туристички автобус по програма

·Две ноќевања со појадок во хотел  ELEKTRA 3*

·  Посета на црквата Св Петка  Темпи

·  Полудневна екскурзија низ плажите на Волос

·  Локален водич

· Организација и придружник на патувањето

Цената не вклучува :

·  Посета  на селцето МАКРИНИЦА -10 ( резервации во агенција )

·   Посета  на Неа Анхиалос  и  Алмиро- 5€( резервации во агенција )

·   Свечена  велигденска вечера 25 ( резервации во агенција )

·   Задолжително  здравствено патничко осигурување 180 ден

·   Се она што не е споменато во програмата

  

Хотел ЕЛЕKТРА 3* http://hotelelectra.webnode.com/

 

Хотелот е лоциран во строгиот центар на градот  на 100 м од плажата во Волос .Во близина на хотелот се наоѓаат  голем број на ресторани барови и продавници за сечии вкусови. Сите соби се опремени со сопствено купатило, минибар,сеф, клима, ТВ, Фен и WI-FI

   

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ПЛАКАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ по цена на курсот 1 € = 62 денари

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. Палома Бјанка 1 кат, локал 14

те -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeВелигденВЕЛИГДЕН ПЕЛИОН ВОЛОС - 2 ноќевања со појадок
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace