ВЕЛИГДЕН - Санторини

  • Локација на аранжман: Santorini

 

Опис

 Санторини

Велигден

 

Три ноќевања со појадок / 6 дена

 

Монденски, незаборавен, традиционален....остров кој ќе ве остави без здив! Најромантичниот остров на светот Санторини! За првомајските и велегденските празници на островот Санторини! Посета на најмонденскиот остров на светот, препознатлив по белите куќички со плави покриви...Санторини. За време на најголемиот христијански празник Велигден имате можност да го посетите најсветото место на Санторини - Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Христовото Воскресение. 

Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме Санторини се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот,онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дува североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.

Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам, но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, потоа со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. На островот не постојат извори на слатка вода,почвата се наводнува од умерената влага на островот,а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA кој е изграден на самиот срт на калдерата на 260 м. над површината на морето.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  189 ЕУР/11.720,00 ДЕН

 

Ден 1: 13.04.2017 (Четврток) Скопје-Битола – Грција-Атина/Пиреа

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 15:30ч. Поаѓање на автобусот во 16:00ч, се патува преку граничен премин Богородица /Гевгелија со куси попатни паузи и време за царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/ Пиреа.

Ден 2: 14.04.2017 (Петок) Пиреа - Санторини

Пристигнување на пристаништето на Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод. Поаѓање од пристаниште во 07:25ч, и пловење за Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30ч. Трансфер од пристаниште до хотел/ сместување во Камари хотел CASTRO www.castrohotel-santorini.gr  Време за краток одмор и релаксација. Веднаш по краткиот одмор околу 20 ч следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници, проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со смола која гори како илјадници запалени свеќички кои и најсилниот ветер на овој ден неможе да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквите,разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка. Слободно време за индивидуални активности и посета на некоја од локалните традиционални таверни кои изобилуваат со голем избор на морска храна. Во доцните вечерни часови во договор со групата и водичот враќање во хотел. НОЌЕВАЊЕ.

Ден 3: 15.04.2017 (Сабота) САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот околу 10 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на целиот островот, со залез на сонцето во OIA. Посета на Археолошки град Акротири, црвената плажа, Манастирот St.Ilijas кој се наоѓа на највисоката точка на островот,каде ќе имаме можност за фотографирање,посета на Фира и разглед. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA каде што ќе се види најубавиот залез на сонцето. По залезот на сонцето враќање во хотел, време за одмор и слободни активности.Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали враќање во хотел. НОЌЕВАЊЕ.

Ден 4: 16.04.2017 (Недела) Санторини

Појадок .Слободен ден за прослава на најголемиот христијански празник ВЕЛИГДЕН. Време за слободни активности, прошетки, време за плажа и факултативен ВЕЛИГДЕНСКИ  ручек во договор со групата. Индивидуална прошетка низ КАМАРИнајпознатото туристичко место на Санторини.НОЌЕВАЊЕ.

Ден 5: 17.04.2017 (Понеделник) Санторини-Пиреа-Скопје

Појадок .По појадокот,околу 09:3 заминуваме на  факултативна посета на најубавата и една од таков вид винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300-тини метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес.По разгледот на винаријата следи дегустација и презентација од страна на дегустатор на четирите најпознати вина произведени во таа винарија,можност за купување на вино по ваша желба по цени во винаријата. По посетата на винаријата околу 11 и 30ч, заминуваме нафакултативнапосета екскурзија со традиционаленброд (Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС од каде што се гледаат сите седум кратери) Можност за капење во  топли води на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за прошетка,кафе пауза индивидуален ручек во некој од таверните кои се наоѓаат на само море. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел,слободно време за подготовки и напуштање на хотелот околу 19 ч.Tрансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод по полнокните часови. Ноќно пловење према Пиреа/ Атина . Пристигнување на пристаниште на Пиреа околу 07 часот на 18.04.2017(вторник).

Ден 6: 18.04.2017 (Вторник) Скопје

Патувањето продолжува со автобус од Пиреа према граничен премин Богородица, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

  Цената вклучува :

* Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје - Пиреа-Санторини - Скопје

* Три ноќевања со појадок во хотел 3***www.castrohotel-santorini.gr

* Бродска карта, Пиреја – Санторини – Пиреја

* Трансфер пристаниште- хотел –пристаниште ( на Санторини )

* Водич на Санторини

* Организација и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува :

* Факултативи по програмата

* Посета на Пиргос ( превоз и водич )... ........цена  5 еур

* Целодневен разглед/екскурзија на островот.......... цена 35 еур

* Крстарење со традиционален брод по програма...... цена 35 еур              

* Посета на винарија

(водич, влезница,резервација и дегустација на вино)...цена 18 еур      

* Организиран велигденски ручек .................. цена 25 еур

* Задолжително здравствено патничко осигурување.... цена 5 еур

* Индивидуални влезници за музеи

 

 

Напомена :

Плаќање во денарска противредност 1еур = 62 МКД

За реализација на овој аранжман потребен е минимум број од 40 патници.

Агенцијата го задржува правото за промена на денот и часот за бродското пловење доколку има промени од страна на бродската компанија, воедно го задржува правото за промена на редоследот и часот за факултативните излети, и отказ на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред поаѓање.

 

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ПЛАКАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ поценанакурсот 1 € = 62 денари

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА  ФЛАЈ ТУРИЗАМ

Скопје-Д.Ц. ПаломаБјанка 1 кат, локал 14

те  -факс ++ 389 2 31 211 66,  075/272-843 www.flyturizam.com,  e-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Коментари

Оставете коментар

Агент
fly

Најпопуларни ознаки

Предсезонска резервација

За Нас

Флај туризам е една од првите приватни туристички агенции, која успешно работи на пазарот од 1988 година. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани прокти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.

 

Социјални Мрежи

Известувања и новини

Претплати се за известувања:

Вие сте на: HomeВелигденВЕЛИГДЕН - Санторини
Scroll to Top Templates & Graphics Marketplace